Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо е воодушевен од она што екипата на Ливерпул го направи против Барселона, пишува Спортски.мк.
Црвените направија чудо на Енфилд. Славеа со 4:0 и се пласираа во големото финале, каде никој не ги гледаше после поразот во првиот натпревар од 3:0.
Поранешниот ривал на Ливерпул кој често знаеше да им го расипува расположението, пред се кога го водеше Челси, Жозе Мурињо е воодушевен од пресвртот против Барса.
Тој во коментар за beIN Sports беше фасциниран од она што го направија.
„Не го очекував ова. Реков дека ништо не е невозможно, но Енфилд е место каде невозможното станува возможно. Морам да кажам дека овој пресврт има само едно име – Јирген Клоп. Овде не се зборува за тактика, филозофија, ова е срце и душа и фантастична емпатија која ја креирал меѓу играчите.“ – изјави Мурињо и додаде:
„Можеа лесно да ја завршат оваа фантастична сезона без трофеј, а сега се на чекор да станат европски прваци. Мислам дека Јирген тоа го заслужува. Работата која ја работи во Ливерпул е фантастична и ова е поради него. Ова е одраз на неговата личност, дух. Не се жали што му недостигаа играчи, не се жали зошто играат 60 натпревари во сезоната. Други тренери тоа го работат и плачат поради 45 натпревари во сезона. Ова се е поради менталитетот на Јирген.“
„Енфилд е магично место. Тука можеш да постигнеш погодок и без играч, како што тоа се случи во сезоната 2004/05 кога Луис Гарсија не постигна погодок, туку публиката.“ – истакна Мурињо алудирајќи на чудниот погодок кој тогаш го елиминира неговиот Челси.
Извор: Спортски