Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потрошувачката на енергенси догодина ќе стагнира. Во енергетскиот биланс се проектира благо намалување од 2 насто но колку ќе се троши енергија ќе зависи од работата на Макстил, Фени и Југохром согланси се енергетичарите.
Ако остане потрошувачката на нивното на оваа година и се намали два посто, во тој случај, увозот ќе биде 30 проценти, а домашното производство ќе биде на 70 проценти. Зависни сме од овие фактори и ова се груби бројки. Ако металуршките комбинати работата со полна сила, домашното производство ќе остане на исто ниво, узвото ќе расте и ќе достигне ниво на 40 проценти, вели Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација.
Домшаното производство на струја се намалува, термоцентралите забавуваат, поризводството од обновливи извори се зголемува, но сепак не е доволно да ја замени струјата произведена од термоцентралите, па така увозот се зголемува. Со над 30 проценти на увоз на струја, Македонија се смета за помалку стабилна во снабдувањето оценува Димитар Хаџимишев познавач во областа
Во наредниот период, акедонија треба да реши што ќе го замени едингитот и да го имаме тој многу тешко ќе добиеме пари, бидејќи ниту една банка не кредитира таков тип на нови инвестиции, вели Димитар Хаџимишев, енергетски експерт
За догодина турбините од хидроцентралите се проектирата дека ќе работат забавено, поради неповолната хидртолошка состојба. Побарувачката на гас ќе расте. И догодина сообраќајот останува најголем потрошувач на енергија.