Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кон принцот Ендру беа уаптени вербални навреди додека одел зад ковчегот на својата мајка, кралицата Елизабета Втора, на улиците на Единбург, Шкотска, пренесувааат агенциите.
Испадот на еден од присутните, според написите, се случил за време на поворката од палатата „Холирудхаус“, каде што телото на кралицата беше однесено од замокот Балморал во саботата до катедралата „Сент Гилс“ пред богослужбата.
За време на официјалното покривање на поворката, еден млад човек бил снимен како извикува „Ендру! Ти си болен старец!“ пред радиодифузерите да го исклучат звукот. Неидентификуваниот маж бил извлечен од кадарот на камерата, а членовите на толпата по испадот извикувале: „Боже, спаси го кралот“, пишуваат светските гласила.
#PrinceAndrew heckled during procession on way to St Giles cathedral in Edinburgh.Pulled out of the crowd. @SkyNews #QueenElizabeth pic.twitter.com/q6lSQc2azV
— Charlotte O’Shea (@CharlotteOCOS) September 12, 2022
Ендрју одел во поворката заедно со своите браќа, кралот Чарлс III и принцот Едвард, и сестрата, принцезата Ана. Сите тројца, според написите, беа облечени во униформи на вооружените сили. Но, тој не го стори тоа бидејќи мајка му му ги одзеде военото покровителство и должностите во февруари по скандалот со сексуалниот напад.
За нарушување на јавниот ред и мир се обвинети и 22-годишна девојка која држела антимонархистички транспарент и 74-годишен маж, кои вчера биле уапсени. Третото лице, 22-годишен маж, кој денеска бил уапсен на патеката на ковчегот на кралицата низ шкотскиот главен град Единбург, допрва ќе биде обвинет.
Исто така, 45-годишен маж е приведен во Оксфорд откако предизвикал вознемиреност за време на крунисувањето на кралот Чарлс III, соопшти полицијата. Медиумите јавуваат дека тој извикал „кој го избрал? додека се читал прогласот.