Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Еден од главните предизвици и цели кои си ги зададе славната холивудска актерка Ен Хетавеј е во следните 18 годинин да остане трезна.
На гостувањето во шоуто од Елен Деџенерис, Ен Хетавеј откри низ изненадувачко признание дека била тешка алкохоличарка. Актерката е позната како голема хуманитарка , амбасадорка на Обединетите нации , борец за правата на жените , ги освои сите важни филмски награди , стана мајка пред три години, така што самото спомнување на алкохолизмот беше неочекувано.
Но, во искреното интервју Ен вели дека пред три месеци успеала да се откаже од алкохолот. Вели дека многу пиела , но ретко и се случувало поради пијанство да не може да ја заврши актерската работа. Едно утро, кога била мамурна и го возела синчето во градинка, решила веќе да не пие, и тоа сè додека синот Џонатан не наполни 21 година.
„Ќе престанам да пијам додека синот ми е дома, зашто не го сакам начинот на кој тоа го правам. Тој е сега на возраст кога навистина цело време му требам, а особено наутро. Едно утро го носев во градинка. Не возев јас, но бев толку мамурна , што не можев ништо да правам. Тоа беше капката што ја прели чашата. Не ми се допадна и решив да престанам”, вели холивудската актерка.