Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Играчот за врска на Ливерпул и германски репрезентативец, Емре Чан одлучи да ја продолжи својата фудбалска кариера во италијанскиот шампион Јувентус.
Ова го потврди неговиот репрезентативен колега и член на Јувентус, Сами Кедира кој ја открил информацијата пред германските медиуми.
Чан одлучи да не го продолжува договорот со Ливерпул и на лето ќе ја промени средината како слободен агент. За него интерес покажуваа многу европски гиганти, но Јувентус ја победи конкуренцијата.
„Старата дама“ уште минатото лето се интересираше за неговиот потпис, но тогаш Ливерпул ги одби сите понуди.
Наводно договорот помеѓу Чан и Јувентус ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната.