Емпуриабрава – „шпанската Венеција“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Градот Емпуриабрава, лоциран на брегот на Коста Брава, многумина го викаат и „шпанската Венеција“ поради големиот број пловни канали низ градското подрачје.

Овој град има повеќе од 40 километри пловни канали, 5.000 места за чамци и 7.800 жители, преку лето овој број се зголемува на 80.000 жители.

Емпуриабрава се нарекува и шпанска Венеција, а во туристичка дестинација овој град е претворен во 1968 година. Местото е посебно популарно кај богатите луѓе, особено меѓу Германците, Французите и Британците.

Поголем број од куќите во градот се изградени во класичен медитерански стил. Ноќниот живот е многу активен во баровите, дискотеките и рестораните.

Во Емпуриабрава времето е сончево скоро 300 дена годишно. Плажата која се протега неколку километри е величествена, за оние кои се таму та уживаат на сонцето и за оние кои се спремни да вежбаат разни спортови на вода. Покрај тоа, Емпуриабрава е рај за нуркачи.

Северно од градот е најголемиот и најпрометен нуркачки центар во Европа и спаѓа меѓу првите три во светот.