Актуелно

„Емоции – допир со природата“ – изложба на прилепчанката Александра Богоеска

Градоначалникот Илија Јованоски, синоќа ја посети изложбата на слики на прилепската уметничка Александра Богоеска насловена „Емоции – допир со природата“. На изложбата која беше во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ изложени беа шеснаесет дела.

Во ликовниот израз на Богоеска се проткајува симболизмот. Посебноста во творештвото на уметникот се согледува во умешноста на пренесувањето на интимните индивидуални, емотивни и психофизички состојби преку различен симболичен јазик.

Богоеска е родена на 14.05.1985 година во Прилеп. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, оддел скулптура, конзервација и реставрација. Има реализирано групни изложби во Македонија и во странство, а учествувала и на голем број колонии низ земјата и во Србија. Изработува скулптури, мозаици, слики.

Advertisements
To Top