Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Касемиро денеска на прес-конференција и официјално се прости од Реал Мадрид.
Касемиро ги изненади сите со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Бразилецот денеска со солзи се збогуваше од „кралевите“ каде што остави навистина голема трага.
Флорентино Перез на почетокот на прес-конференцијата му се заблагодари на Касемиро за се што даде за Реал и му порача дека вратата на Реал Мадрид за него секогаш ќе биде отворена.
Касемиро по излегувањето пред присутните не можеше да ги сокрие солзите и беше јасно дека со тешко срце заминува од Мадрид. Посебно Касемиро ги издвои своите партнери од средниот ред, Лука Модриќ и Тони Крос.
„Екипата има 25 фудбалери, но јас морам да зборувам за нив двајца. Уживав играјќи со Модриќ и Крос и им благодарам што од мене направија таков фудбалер. Испишавме историја и поради тоа Реал Мадрид секогаш ќе биде најголемиот клуб во светот“.
„Сигурно ќе се вратам еден еден. Ќе продолжам да му помагам на клубот затоа што ова е мој дом. Тука научив многу и се нмадевам дека сето тоа ќе го пренесам во Манчестер Јунајтед. Им благодарам на сите, претседателот, соиграчите и навивачите кои секогаш веруваа во мене“.
„Кога дојдов тука, не познавав никого. Јас и мојата сопруга започнавме од почеток, но тука добивме вистинско семејство. Клубот веруваше во мене и не можев ниту да замислам какви усепси ќе направиме. Среќен сум што бев дел од историјата на најголемиот клуб во светот“, порача Касемиро.