Home Спорт Емотивни сцени на „Камп Ноу“: Барса даваше голови, но победник е Шапекоенсе

Емотивни сцени на „Камп Ноу“: Барса даваше голови, но победник е Шапекоенсе

Фудбалерите на Барселона за прв пат одиграа натпревар откако ги напушти големата ѕвезда Нејмар, кој пред неколку дена се пресели во ПСЖ.

На „Камп Ноу“ во склоп на трофејот Жоан Гампер гостуваше Шапекоенсе, бразилски клуб кој минатата година доживеа трагична авионска несреќа.

Пред натпреварот преживеаните играчи Фолман, Нето и Алан беа дочекани со голем аплауз од страна на навивачите.

Меѓутоа Барселона немаше милост кога започна натпреварот и постигна пет гола. Голеадата ја отвори Жерар Делуфеу во 6-та минута, а после него погодина и Бустетс, Меси, Луис Суарез и Денис Суарез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…