Емотивен е-меил на Џејми Оливер до вработените – им вети дека ќе ги исплати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најпознатите готвачи на светот, Џејми Оливер, минатата година прогласи деловен банкрот, бидејќи во изминатите две години претрпел милионски загуби. Поради тоа, тој мораше да ги затвори најголемиот дел од своите ресторани и со тоа да отпушти илјадници луѓе, пренесува Delish.

Џејми своите вработени за завршувањето на нивниот ангажман во неговите ресторани ги известил по електронска пошта, а меѓу луѓето кои останаа без работа има и такви кои беа на служба кај Џејми повеќе од 10 години.

„Знам колку ви е тешко да добиете ваква вест, но сакам да ве уверам дека навистина се обидов да најдам било каква можност со цел да го спасам бизнисот. Вложив сè што можев за да ги променам нештата. Моментално не можам физички да бидам со вас, но би сакал да ви се заблагодарам на сите што вложивте и срце и душа во нашите ресторани“, напиша Џејми во пораката меѓу другото, додавајќи дека има многу нешта на кои тие како работници можат да бидат горди.

Славниот готвач додаде дека му било чест што бил дел од сето тоа, па токму поради тоа му е исклучително тешко да се збогува со приказната за рестораните.

„Денес е многу тажен ден. Луѓе, вие сте најдобри во вашата работа и знам дека наскоро ќе работите на големи работи. Искрено ми е жал, ви испраќам љубов, благодарност и најважно од сè – ви посакувам многу среќа на сите“, заклучил Џејми во пораката.