Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одамна е познато дека легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, имал повеќе прекари, од кои најпознати се „Принцот на Рим“ и „Кралот на Рим“. А сега, италијанската метропола добива и „Кралица на Рим“.
Не, не станува збор за сопругата на Тоти, Илари Бласи, туку за една од најпознатите светски модни и Инстаграм ѕвезди на денешницата, Емили Ратајковски.
27-годишната Американка со полско потекло се фотографираше за официјалниот Твитер профил на Рим со дресот со број 10 на кој беше испишано нејзиното име, а кој од употреба замина во пензија заедно со заминувањето на Тоти од фудбалските терени, а римскиот клуб фотографијата ја наслови „Новата Кралица на Рим“.
The new Queen of Rome ?
Daje @emrata! #ForzaRoma pic.twitter.com/QI8RZAh4Kp
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 20, 2018
Чисто информативно, минатата година Емили во сличен кадар позираше и се фотографираше со „десетката“ од Јувентус.