Ем кабает, ем кавгаџија: Поради бизарна причина му го турнал автомобилот на соседот в море


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во хрватското место Лука на Пељешац се случи несекојдневен настан кога автомобил „рено твинго“ заврши во море бидејќи на соседот му пречел при бетонирање на плажата.

Како што наведува „Јутарњи лист“, Борис Франушиќ со својот автомобил го турнал возилото на Иван Дужевиќ во море бидејќи му пречел.

Фрањушиќ пред извесно време почнал да ја насипува локалната плажа без одобрение од месната заедница, а Дужевиќ случајот го пријавил во полиција затоа што се работи за заштитено морско добро.