Елон Маск за Rolling Stone: Овие две нешта се НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА за човештвото


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот на Space X и Тесла, двете технолошки компании кои направија вистински бум во светски рамки, Елон Маск, си стои на ставот во врска со прашањето за најголемите закани во однос на човештвото.

Климатските промени, како и вештачката интелигенција, се најголемите закани со кои се соочува човештвото во овој век, наведе Елон Маск за Rolling Stone.

„Сè се сведува на забава и игра, додека некој не го загуби окото. Упорно предупредувам, но ми се чини дека додека работите не почнат да ги убиваат луѓето, луѓето нема да знаат како да реагираат“, објасни Маск.

Мислењето на Маск, во однос на вештачката интелигенција ретко кој го изненадува, особено по пресметката со сопственикот на Фејсбук Марк Закерберг за тоа прашање.

„Фејсбук, Гугл и Амазон имаат повеќе информации за вас од што можете да замислите. Вештачката интелигенција претставува екстремна моќ. Прашањето е дали навистина би требало да се наоѓа во рацете на неколкумина“, нагласи Маск, додавајќи дека постои голем ризик што со себе го носи таквата моќ.

Директорот на Space X и Тесла оценува дека луѓето треба да бидат предупредени за сите негативни околности многу време пред тие да се случат.

„Некои од нив можат да бидат многу страшни, што дури во овој момент не можеме да кажеме дали некогаш ќе бидеме во состојба да заздравиме. Мораме да бидеме подготвени и на сценарио во кое светот нема да успее да заздрави. Кога ризикот е толку голем, мораме да бидеме проактивни, а не рактивни“, заклучи Маск.

Тој, кон почетокот на 2015 година донираше 10 милиони долари за институтот Future Of Life, што се занимава со намалување на потенцијалниот ризик со кој човештвото може да се соочи при развојот на вештачката интелигенција.