Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синоќа тимот на Наполи на домашен терен ја пречека екипата на Венеција и славеше со резултат 2:0.
Тренерот на „Наполитанците“, Лучано Спалети одлучи Елиф Елмас да се најде клупата за резервни играчи на синоќешната пресметка, но не за долго.
Во 23 минута домаќините останаа без еден играч на теренот поради црвениот картон на Осимхен, а во 35 минута Спалети одлучи да го внесе во игра Елмас како замена за Зиелински.
Мируваа мрежите во првото полувреме, во 56 минута беше досуден пенал за Наполи после играње со рака во казнетиот простор на Венеција, истиот не успеа да го реализира Инсиње.
Во 62 минута уште еден пенал за Наполи, повторно поради играње со рака, овојпат Инсиње беше прецизен и стрелаше за предност од 1:0.
Домаќинот кој ја имаше фаворитската улога успешно се справуваше на теренот и со играч помалку, и при таква ситуација дојде до уште еден погодок реализиран во 73 минута на Елмас кој направи еден дриблинг и успеа со убав удар да го пронајде патот до мрежата на финскиот голман Маенпаа.
ELIF ELMAS!
Breakout season incoming.
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) August 22, 2021