Елмас денес потпишува, Анчелоти го чека со раширени раце


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трансферот на Елиф Елмас во Наполи е само прашање на време, а според последните информации треба да биде комплетиран денес.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио денес објави нови детали за трансферот на македонскиот бисер. Наполи за услугите на Елмас ќе плати 16 милиони евра плус 2 милиони како бонуси.

Македонскиот репрезентативец вчера го напушти тренинг кампот на Фенербахче и денес се очекува двата клуба да го потпишат договорот, па Елмас да може да дојде на лекарски прегледи во Италија.

Трнерот на Наполи, Карло Анчелоти го потврди трансферот и се надева дека што е можно побрзо ќе го има Елмас во тимот.

„Многу сме блиску до доаѓањето на Елмас и се надевам дека тоа брзо ќе се случи. Тој е еден многу интересен играч, ги комплетираме завршните детали, се надеваме дека ќе пристигне што побрзо“, изјави Анчелоти.

Елмас денес треба да пристигне во Италија, а утре да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.

Кога во прашање се личните услови Елмас во Неапол ќе заработува 1.5 милион евра годишно и ќе потпише договор на пет години.