Home Шоубизнис Елитен УЕФА и ФИФА судија од Словенија уапсен на разуздана забава со дрога и оружје во Република Српска

Елитен УЕФА и ФИФА судија од Словенија уапсен на разуздана забава со дрога и оружје во Република Српска

Познатиот судија на УЕФА од Словенија, Славко Винчиќ беше уапсен во полициска акција во Босна и Херцеговина.

Винчиќ, кој се наоѓа во елитната група на судии на ФИФА, судеше натпревари и во Лигата на шампиони, а тој е приведен во акцијата во која биле пронајдени дрога и оружје.

Вкупно биле приведени 35 лица во луксузна вила во Бјелина, каде пронајдени биле оружје и дрога. Приведените се сомничат и за проституција бидејќи биле во друштво на српски старлети кои важат за елитни проститутки.

„По полициската рација, повикани бевме на информативен разговор, каде што објаснив дека не ги познавам луѓето, по што ме пуштија дома. Бев таму работно, а потоа еден пријател ме покани во вилата“, изјави Винчиќ.

Винчиќ во минатото му беше помошник на Дамир Скомина, а од сезонава е главен судија во УЕФА и судеше на три меча во Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …