Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешната владина седница, меѓу другите одлуки, Владата на Република Македонија денеска, ја усвои одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”.
Во Република Македонија ќе се произведуваат електричните возила e-go.
Мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места.
Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили.
Придобивките од оваа инвестиција се многукратни – од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании.