Електричниот тротинет на Bugatti


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Додека неколку брендови претставија концепти за автомобили на саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, Bugatti се одлучи за малку поскромна изложба. Тој го претстави првото Bugatti за секојдневна употреба – преклопниот електричен скутер.

Достапен е во три бои, сина, сребрена и црна. Сè што треба да се знае е дека електричниот погонски мотор има моќност од 700 W, додека вкупната тежина е 15,9 kg. Со брзина од 30 km/h опсегот е 35 km.

Меѓу додатоците, вреди да се споменат три режими на работа (Економски, Градски и Спортски), како и тоа што тротинетот има темпомат, но и ABS систем на задното тркало. Од шминката има LED осветлување и индикатори за насока, како и проекциско светло со монограм на компанијата.