Електричен автомобил кој може да се вози без возачка дозвола


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Citroen пред една година, на автомобилскиот саем во Женева, го претстави својот концепт за попристапно патничко возило промовирајќи го малиот електричен Ami. А сега ја користи таа идеја за да го наметне својот нов производ на пазарот.

Симпатичниот дизајн е доволно допадлив и привлечен, но треба да се потенцираат екстремно компактните димензии, во должина од 2,4 метри и ширина од 1,39 метри. Има две седишта и целосно електричен погон.

Батеријата од 5,5 kWh обезбедува опсег од 70 км, што е повеќе од доволно за секојдневните урбани услови. На ѕиден штекер батеријата се полни за околу три часа. Се напојува со електричен мотор од 8 КС и може да вози до 45mph.

Она што го прави посебен е фактот дека можат да го возат и луѓето кои немаат возачка дозвола. Исто така, нуди опции за споделување автомобили преку апликацијата Free2Move или долгорочно изнајмување со почетни 19,99 евра месечно. Цената во Франција ќе биде околу 6.000 евра.

Нарачувањето ќе биде можно од 30 март годинава за Франција, а неколку месеци подоцна во Шпанија, Италија, Белгија, Португалија и Германија. Првите испораки на приватни купувачи се закажани за јуни во Франција. Продажбата на возилата „Ами“ на пошироката потрошувачка јавност ќе почне напролет во Париз, а ќе се однесува на возилата со лого „Free2Move“.