Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една од најпознатите скијачки патеки Стриф, со стрмнина од 85%, беше предизвик за искачување на електричен модел на Ауди.
Откако Ленд Ровер и Јагуар направија чуда со своите „ѕверови“, сега и гигантот Ауди се пофали со перформансите на електричниот модел. Претходно и Мерцедес го возеше своето Г возило по стрмнина на брана.
Автомобилот се движи по патека за спуст и тоа онаа во австрискиот Кицбил. Аудито го вози рели возачот Матиас Екстром, кој возеше од целта кон стартот на патеката.
Јажето, кое го користи, тука е поставено поради безбедност.