Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Минатата сабота беше одржана светската премиера на документарниот филм за Мајкл Џордан со наслов „Последниот танц“, во кој е опишана последната сезона на Џордан во „Чикаго Булс“.
Откако Џордан ја раскажа во документарецот приказната за циркусот со кокаин со кој се соочил кога се преселил меѓу Биковите, тој сега откри и една авантура со Денис Родман.
Џордан потсети дека додека Скоти Пипен се опоравувал од повредата на глуждот, Родман го замолил Фил Џексон да ги ослободи кошаркарите за да поминат неколку дена во Лас Вегас.
Џексон се согласил, а Родман не се вратил на време зашто го поминувал времето во кревет со моделот Кармен Електра.
„Слушнав тропање на вратата и влезе Мајкл Џордан. Не сакав да ме види, па се скрив под креветот и се покрив со чаршафи“, рече Електра во документарниот филм.