„Ела си кај мене“: Како големиот батка му помогна на малиот „белчо“ да прерипне


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едит Говеа беше пред куќата од своите роднини во мексиканскиот Сан Луис Потоси, кога забележа дека едно мало бело кученце сака да ја прескокне оградата во дворот од соседната зграда, па цела ситуација ја сними со мобилен.

Германскиот овчар се појави од другата страна на оградата и му помогна на малото пријателче да се провне меѓу шипките од оградата, а таа снимката која ја направи ја објави на социјалните мрежи.

Говеа подоцна, за The Dodo, раскажа дека малото бело кученце живее во близина и има сопственици, но дека го пуштаат да се шета, па тоа времето го врви шетајќи и душкајќи низ околината. Веројатно така и се запознале и спријателиле со германскиот овчар од соседството.