Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Изградбата на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп влезе во втора фаза. Станува збор за делница со должина од 16 км од Градско до Дреново.
Работите на овој дел од патот ги изведува италјанската компанија Тирена Скави. Премиерот Заев вели дека овој патен правец е дел од обемната програма на Владата за изградба на патишта кои треба да придонесат за побрзо и побезбедно патување на граѓаните.
Делницата ќе чини 23 милиони евра, парите се обезбедени преку ИПА 2 програмата на Европската унија. Од таму најавуваат дека ќе продолжи поддршката за подобрување на инфраструктурата во земјава.
Покрај овој експресен пат, министерствто најави изгрдба на и автопат од Прилеп до Битола што ќе значи комплетно автопатско поврзување на пелагонискиот со вардарскиот регион.
Експресниот пат Градско – Прилеп се гради во три фази. Првата фаза од Фаришка до дреновск клисура е во напредба фаза на грдба, а за третата, најкратката, од Раец до Прилеп до крајот на година ќе биде распишан тендер за избор на изведувач. Целата делница ќе биде готова за две години, а патувањето преку Плетвар ќе биде пократко за дваесетина минути.