Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Научникот и експерт за респираторни болести Жонг Наншан, експертот кој го откри коронавирусот САРС, проценува дека епидемијата на новиот коронавирус кој ја тресе Кина, а од кој стравува цел свет, чија појава се случи во централната кинеска провинција Хубеј кон крајот на 2019 година, својот врв може да го достигне „за околу 10 дена“.
Во интервју за кинеската државна новинска агенција Синхуа, Жонг, кој го откри коронавирусот САРС во 2003 година, е уверен дека кога новиот вирус ќе достигне кулминација, потоа нема да има зголемување на заболени од големи размери.
Бројот на починати од појавата на коронавирус во Кина денеска достигна најмалку 131 лице, соопшти кинеската Национална комисија за здравство, додека речиси 6.000 луѓе се заразени низ целата земја.
Од вчера до денеска бројот на потврдени случаи на зараза со вирусот се зголеми за 60 проценти.
„Епидемијата на САРС траеше околу шест месеци, но не верувам дека епидемијата на новиот коронавирус ќе трае толку долго“, рече Жонг.