Експертите велат: Новите истражувања говорат дека и умерената конзумација на алкохол може да биде смртоносна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Анализата на податоците од 600.000 луѓе утврди дека конзумирањето на пет од десет алкохолни пијалоци неделно може значително да го скрати живототм, односно да допиринесе за фатални заболувања.

Големото истражување покажа дека дури умерената конзумација може да го скрати животот за шест месеци.

Секое зголемување преку десет алкохолни пијалоци неделно допринесува на скратување на животниот век. Оние кои конзумираат повеќе од 18 алкохолни пијалоци неделно си го скратуваат животот и до пет години.

Експертите велат дека резултатите од ова истражување во директна се спротивност со уважената идеја дека умерената конзумација на алкохол е добра за здравјето.

Ангела Вуд, предводничка на истражувањето од Универзитетот Кембриџ, вели дека резултатите се јасни и дека покажуваат штета која алкохолот може да ја предизвика и да ги премине позитивните ефекти во оорганизмот.

Научниците, кои ја споредија здравствената состојба со навиката за пиење во 19 земји, искалкулирале колку луѓе може да очекуваат да им се намали животот доколку продолжат да пијат со исто темпо.

Утврдено е дека горната граница до која се зголемува ризикот од прерана смрт е 12,5 единици неделно, односно околу 5 големи кригли пиво или пет чаши црвено вино од 175мл.

Над таа граница се зголемува ризикот од смртоносни кардиоваскуларни заболувања. За секои 12,5 единици алкохол испиени неделно се зголемува ризикот од:

Мозочен удар – 14%
Смртоносни хипертензивни болести – 24%
Срцеви инсуфициенции – 9%
Фатални аротски анеуризми – 15%

Конзумирањето алкохол во раните истражувања е доведено во врска со намалување на несмртните срцеви болести, но научниците објаснуваат дека новата студија покажува лоши ефекти.