Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако вашиот партнер ве буди во текот на ноќта со рчење или постојано откривање, не треба поради тоа да почнете да размислувате за раскинување или развод. Имено, експертот за врски, Џенифер Адамс, смета дека во тој случај треба да размислите за спиење во одвоени кревети што може да донесе многу придобивки за вашата врска.
„Ако вие и вашиот партнер уживате да спиете заедно, тоа не значи дека се сакате повеќе од паровите што спијат одвоено. Илјадници парови секоја ноќ спијат во одвоени кревети, па дури и во различни соби, и имаат здрави и среќни врски бидејќи секоја вечер добро се наспиваат“, тврди Адамс во својата книга Sleeping Apart Not Falling Apart.
Во прилог на нејзиното тврдење идат и бројни истражувања кои пронајдоа поврзаност меѓу проблемите со спиењето и проблемите во врската.
Дури и таа спие одвоено од својот сопруг со кој е во брак 15 години и тврди дека оваа пракса во врските е многу почеста одошто луѓето мислат, но уште се смета за табу тема дури и покрај тоа што може да биде многу корисна за врската.
„Додека лежите во мракот и постојано зјапате во таванот затоа што не можете да заспиете поради рчењето на вашиот партнер, во вас почнуваат да се будат чувства на одбојност, лутина, па дури и омраза кон партнерот, што со текот на времето може да доведе до крај на врската“, предупредува Адамс и препорачува во тој случај да му кажете на партнерот дека сакате да спиете одвоено.
„Ако се решите на ваков чекор, важно е да му објасните на партнерот дека со тоа не сакате да ѝ наштетите на вашата врска, или да се оддалечите од него, туку да создадете окружување во кое добро ќе се наспиете и ќе функционирате подобро.“