Експертите тврдат: Оваа пасивна состојба е поштетна и од пушењето цигари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Експертските мислења и ставови велат дека најопасни професии за човековото здравје се оние кои човек го „врзуваат“ за столица и по цел ден, седнат пред компјутер или во канцеларија.

Наднормалната телесна тежина, болестите на срцето и крвните садови, остеопорозата и диабетот се само дел од болестите кои ги поврзуваат со ваквиот начин на работа.

Ваквиот работен режим води до мускулна пасивност која од своја страна го влошува здравјето и дури редовниот спорт не е доволен да ја поправи штетата.

Лекарите од американската клиника Мајо во Минесота велат дека штетата од ваквиот начин на работа и долгите часови пред биро е многу поголема од штетата што ја предизвикува пушењето. Тие уште тврдат дека луѓето кои минуваат четири часа на ден во седната положба имаат 80% поголем ризик од болести на срцето и смрт како последица на инфаркт и сл.