Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И додека многумина ги избегнуваат јајцата, експертите советуваат: Јадете јајца секој ден.
Според многумина јајца е еднакво на холестерол. Тоа е еднаквост што најчесто се поставува кога станува збор за овој производ и додека многумина ги избегнуваат од овие причини, експертите советуваат: Јадете јајца секој ден.
Го креваат расположението
Јајцата содржат корисна комбинација од омега 3 масни киселини, цинк, витамин Б и јодид како и хранливи материи што заедно го спречуваат уморот и лошото расположение.
Ги негуваат мускулите
Јајцата се еден од најдобрите природни извори храна. Изобилуваат со протеини и се нискокалорични. Витаминот Б12 што го има во јајцата, помага против грчењето на мускулите.
Штитат од рак
Жените што во организмот имале повеќе колин (хранлива материја пронајдена во јајцата) имаат 24 отсто помал ризик од заболување на рак на дојката. Ова го покажува едно неодамнешно истражување. Едно јајце дневно ќе осигура дури 30 отсто од дневните потреби за колин, пишува Превеншн.
Го хранат мозокот
Колин е заслужен и за подобро помнење. Помагаат при испуштањето на ацетиколин, невротрансмитерот што му помага на мозокот да ги зачува информациите.
Го чуваат видот
Јајцата се одличен извор за лутеин и зеаксантин, антиоксиданси што ги спречуваат макуларните дегенерации.