Експертите потврдија: Што е поздраво, теретаната или прошетката?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако сакате да одите во теретана, најдобро би било до таму да пешачите, велат експертите.

Имено, тие открија дека долгата прошетка е подобра по вашето здравје од интензивните вежби.

Лесната рекреација го подобрува чувството на инсулин и нивото на маснотии во крвта подобро од енергична вежба, покажа студијата објавена во журналот „Plos One“.

Тоа значи дека се подобри за превенција од дијабетис и дебелеење.

Експертите од Универзитетот во Мастрихт, поделија 18 млади луше на старост помеѓу 19 и 24 години во три групи – едната седеше 14 часа без никаква активност, другата седеше 13 часа, а еден час интензивно вежбала, додека третата седела 6 часа, шетала 4 и стоела 2.

Откриено е дека нивото на холестерол и масти во крвта биле значително пониски кај групата која вежбала подолго во однос на останатите две.

Др. Ханс Савелберг кој ја предводеше студијата вели: „Еден час физичка активност не може да компензира негативни ефекти на пасивност, барем не во поглед на инсулинот и липидите во крвта“.