Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата студија покажува дека често изневеруваат импулсивните луѓе, бидејќи не застануваат да размислат за ситуацијата, туку реагираат во склад со моменталните емоции и мисли.
Експерите не престануваат да се занимаваат со прашањето кое сите нас не интригира – зошто изневеруваме? Досега во оптек беа разни теории, од оние дека пред се би можеле да изневерат луѓето кои рано влегле во брак бидејќи не „иживеале“, преку тероии дека веројатноста на неверството расте со бројот на годините минати во заедница, па до оние дека неверството е спорт во кој се докажуваат пресметливи типови зависни од адреналин.
Новата студија објавена во Британски магазин за психологија, вели дека најчесто изневеруваат импулсивните луѓе, бидејќи не размислуваат за ситуацијата, туку реагираат според моменталните емоции и мисли. Исто така, оние кои во минатото имале повеќе сексуални партнери се склони на неверство, бидејќи развиле вештини во препознавање шанси за неверство. Кога станува збор за причините, главна е чувството на неповрзаност со партнерот и незадоволство од врската, додека нејзината должина има минимално влијание.
До овие заклучоци експертите дошле според анализирањето на 123 парови на старост помеѓу 17 и 25 години.