Експерите велат: И во ПМС и несоница, сексот е решение за сите проблеми


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сексот лечи се

Како што постојат различни пози, така постојат различни видови секс. Утринскиот секс, секс на брзина, секс за смирување, и било кој друг назив да замислите, тој постои. А дали знаевте дека со сексот и со други интимни чинови, можете да решите некои проблеми, како што се стресот, анксиозноста и ПМС?

Само секс

Сексуалниот стратег и терапевтка, Енџи Ган за „She knows“ вели: „Сексот може да биде од голема помош за управување на емоциите, соочувањето со стресот, намалувањето на бројот на отчукувањето на срцето, регулирање на дишањето, враќање во сегашноста и поврзување со другите. Освен тоа, сексот може да послужи и како решавање на конфликтот во врска или пак досадата“. Што повеќе имате секс, помалку ќе имате проблеми.

Монотонија во врската

Ако сте подолго време во врска, за жал постои шанса сексуалниот живот да ви здосади. Време е за промени во сексот. Одличен пример е користењето на нови пози, набавување на разни играчки или разни кинки игрици, како што е замена на улогите.

Чести расправии

Расправиите и несогласувањата се нормален дел од секоја врска. Можеби токму тоа е вистинското време за пробување на див секс или пак, да почекате и да уживате во она најдоброто, секс за смирување.

ПМС

Иако во овој период сигурно не ви е до ништо, а најмалку до секс, токму тој помага за досадните грчеви. Колин Сингер, стручнак за секс вели дека за време на сексот се ослободува допамин и окситоцин кои ги намалуваат предменструалните болки. Овие хормони делуваат посилно од било кои таблети против болки.

Несоница

Кога не можете да заспиете, сексот е одлично решение. Освен што нема залудно да броите овци по сексот ќе бидете исцрпени и сонот сигурно ќе дојде во истата секунда. „Сексот и оргазмот исто така поттикнуваат развивање на окситоцин, кој вашето тело го остава во опуштена состојба“, вели Сингер.

Манијак на самодовербата

Ако не се чувствувате добро додека стоите голи пред својот партнер, можете да го изгасите светло. Но, немојте да се оптеретувате со тоа премногу. Тие не ве гледаат на тој начин. Не го гледаат вашиот вишок на килограми, туку ве гледаат и мислат на она што ќе правите секако.

Стрес

Доколку имате проблеми на работа или одредени рокови кои ви се наближуваат, сексот може да ви помогне малку да се опуштите. Сингер советува да пробате да додадете некогаш пред работа секс на брзина и сигурно ќе се чувствувате подобро во текот на целиот ден.

Животот е одвратен

Да, сите ја имаме таа фаза кога ништо не ни оди од рака. И погодете што. Сексот повторно е тука да ве расположи. Овојпат е време да исполните некоја од вашите сексуални фантазии. Самото размислување и планирање ќе ве опуштат, барем на кратко.