Актуелно

Екскурзиите и македонското основно образование: Кој ќе преземе одговорност и зошто нема?

До нашата редакција пристигна меил во кој родител раскажува за тоа како била изведена екскурзија на неговото дете. Ви го пренесуваме во целост:

На ден 17.5.2018г. децата од ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ од Скопје (заедно и централното и подрачното училиште) заминаа на еднодневна екскурзија во Скачковце. Едно дете не отиде со другарчињата, затоа што немаше место за него во автобусот.

Уредно платено за превоз и уредно пријавено кај наставничката, моето дете немаше седиште во автобусот. Додека останатите автобуси заминаа (и тоа со доцнење), последниот, во кој беа дел од децата од подрачното училиште не замина, зашто неколку дечиња и наставничките немаа место да седат. По неколку минути барање кој е одговорен и зошто не е тука, сфатија дека згрешиле кој автобус со кои деца треба да оди. Неколку родители стоевме од страна и чекавме. Немаше решение и не се знаеше кој е одговорен за направениот пропуст. На крај моето дете слезе од автобусот, затоа што јас како родител не сакав да стои во автобус или да оди само во некои од другите автобуси (станува збор за дете од неполни девет години, да биде појасно).

Резултатот на тоа е едно дете што и се радуваше на екскурзијата не замина на екскурзија, додека другите беа. Прашањето што сакам јавно да го поставам: Кој е одговорен за ова? Како да објасниш на дете зошто не беше на екскурзија? До кога ќе гледаме дека екскурзиите во Македонија се организираат толку паушално и неодговорно?

Loading...
To Top