ЕКСКЛУЗИВНО: Плаштаницата со ликот на мајката Божја ќе биде изложена во н. Илинден!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По повод празникот Успение на Пресвета Богородица на 28 август годинава во нас. Илинден, Скопје ќе биде осветена плаштаница со ликот на мајката Божја донесена од киевско – печерската лавра.

Сите православни верници ќе имаат мжност да ја видат плаштаницата која ќе биде изложена во храмот св. Константин и Елена во н. Илинден, Скопје. Притоа ќе има и свето масло од истата лавра од чудотворната икона на Богородица со која верниците ќе можат да бидат помазани.

Инаку, Киево-печерската лавра, исто така позната и како Пештерите на Киево-Печерската Лавра, е историски православен христијански манастирски комплекс кој се наоѓа во Киев, Украина.


Овој комплекс претставува најстаро православно светилиште на Источните Словени, кое било основано во 1015 година во времето на Киевска Рус. Комплексот бил основан во времето на кнезот Јарослав Мудриот. Објектот се наоѓа на два рида кои гледаат кон реката Днепар. Денеска манастирот се наоѓа под контрола на Украинската православна црква – Московска патријаршија и Државниот музеј на Украина. Светилиштето е вклучено во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО и претставува едно од седумте светски чуда на Украина.

Храмот св. Константин и Елена во н. Илинден кој е со површина од 400 метри квадратни и височина од 22 метра, почна да се гради во јуни 2012 година, на местото на старата црква „Свети Константин и Елена” која што била изградена некаде на почетокот на 20 век. Минатата година беше осветен крстот, а изградбата е во тек.