ЕКСКЛУЗИВНО: ФК Пирин бара да игра во Македонско првенство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фановите на ФК Пирин од Благоевград испратија официјална молба до Македонската фудбалса федерација за прием на бугарскиот клуб во Македонската лига.

Приврзаниците на ФК Пирин ја молат ФФМ да го прими бугарскиот клуб да игра во Македонија, без разлика во која лига.

Како што велат во соопштението тие се незадоволни од односот кој го има Бугарскиот фудбалски сојуз кон нив и од судиското „угнетување“ кое го трпат.

„Морал, чест и достоинство, брорба за правда и идеали се столбовите на ФК Пирин, како што не научи нашиот најголем херој Гоце Делчев“, се вели во соопштението.

Ваквиот потег на приврзаниците на ФК Пирин предизвика лавина реакции во бугарската јавност.