Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Телевизиските камери на Russia Today беа првите медиумски алатки кои за добија можност да влезат во резиденцијалната палата на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун во Пјонгјанг.
Снимката беше направена за време на неодамнешната средба на Ким со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
До палатата во близина на Пјонгјанг, чија точна локација е непозната, новинарите биле доведени под придружба. Тие претходно мораче да ги предадат сите свои мобилни уреди.
Интересно е тоа што на снимките од доаѓањето до резиденцијата и влегувањето во самиот комплекс, на патот ни покрај него не можат да се видат ни други возила ни минувачи.
Репортерот на телевизијата Russia Today, и самиот малку изненаден од присуството на таинственото место и од слободата на движење во самиот објект, имал прилика да прошета по сите достапни делови на палатата и да направи ексклузивни снимки.
Самата резиденцијална зграда е уредена во минималистички стил.