ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА: Се дознаа детали од договорот Ципрас – Заев!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во медиумите излегоа детали од договорот кој треба да го потпишат премиерите на двете земји. Според него, грчката страна ги доби скоро сите барања – ново име ерга омнес за Македонија, напомена во ОН дека немаме никакви врски со древните Македонци, како и можеби најскандалозното – ќе треба да им испратиме писма на сите држави што не признале под уставното име, со назнака дека во меѓувреме сме се премислиле…

Скандалозниот договор Ципрас – Заев за промена на името на Македонија, што крена огромен револт во социјалните мрежи е пред самиот фото финиш. Според него, македонските власти се откажаа од сите напори што ги правеа досегашните наши влади за признавање на Македонија под уставното име. Имено, според договорот, владата на Заев ќе треба да ги извести сите земји дека сме се премислиле и дека не треба повеќе да ни се обраќаат под уставното име, туку по новото.

Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое наводно го договориле премиерите на двете држави, пишуваат грчките медиуми претпладнево. Атинскиот весник Еифемерида и Радиото 24/7 објавуваат детаљи од договорот кој меѓудругото предвидува и измена на македонскиот Устав. Двете клучни прашања за македонската страна во преговорите, употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира, но со посебна фуснота. Од македонскиот Устав ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

– Се признава македонскиот јазик со фуснота дека се работи за словенски јазик.

– Во однос на државјанството ќе се користи терминот Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.


Всушност овој договор предвидува директно откажување на македонската историја од корените во античкиот период. Имено, нашата историографија досега тврдеше дека денешните Македонци се сублимат од Словените кои дошле на Балканот во 6 и 7 век со староседелците кои ги затекнале тука, а од кои најбројни биле античките Македонци. Според нашата историографија, името Македонци сме го добиле токму од нив. Со овој договор, едноставно паѓаат во вода еден куп историски книги кои го тврдат токму тоа, бидејќи во договорот има точка во која јасно се откажуваме од тој дел на нашето минато.

Скандалот да биде поголем името кое е договорено Република Северна Македонија ќе треба да го употребуваме и дома, односно ќе треба да се променуваат називите на сите институции, како и лични документи и тн. Според изворите на грчкиот весник „Катимерини“, Заев инсистирал на камуфлирани исклучоци од генералното правило за новото име за на тој начин да се овозможи Македонија да продолжи да го употребува актуелното уставно име во некои случаи, но засега нема позитивен одговор од грчка страна.

Освен новото име Северна Македонија, во ОН ќе треба да стои дека националноста Македонец се однесува на Словени кои немаат врска со древните Македонци, како и за јазикот – македонски но со фуснота дека станува збор за словенски јазик. Тоа ќе биде преседан во ОН, бидејќи за ниеден друг јазик нема фуснота од какво потекло е – ниту за словенските јазици, ниту пак на пример дека англискиот јазик е од групата на германски јазици.


Во грчкиот печат се наведуваат и следните чекори кои треба да уследат откако ќе се постигне начелниот договор меѓу Заев и Ципрас. Па така, најпрво договорот ќе треба да се ратификува во македонскиот парламент. Доколку претседателот Иванов одбие да го потпише, како што се очекува, веднаш треба да уследи и второто гласање.

– Грчката влада со писмо ќе ги информира ЕУ и НАТО дека охрабрува почеток на преговори со ЕУ и добивање покана за членство во Алијансата, откако ќе се извршат уставни промени.

– Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и подоцна на Самитот на ЕУ Грција ќе бара да и биде даден позитивен сигнал на Македонија, и покрај противењето на Франција и Холандија, но со поддршка на Германија.

– На НАТО самитот на 11 јули во Брисел Република Северна Македонија ќе добие покана за членство во НАТО која ќе зависи од уставната ревизија.

– Македонскиот премиер Заев со писмо ќе ги информира 190 земји членки на ОН дека земјата во иднина ќе го користи името Република Северна Македонија во билатералните односи и во меѓународните форуми.

Во периодот од јули до октомври македонската влада треба да организира референдум и доколку резултатот е позитивен, ќе се продолжи со уставна ревизија. Доколку резултатот е негативен, планот „Б“ е да се свикаат предвремени парламентарни избори кои во истовреме ќе бидат и своевиден референдум за името.

Откако Скопје ќе го комплетира целиот процес, договорот ќе треба да биде ратификуван од грчкиот парламент, а во истовреме ќе се изврши и ратификацијата за членството на земјата во НАТО.

Според деталите кои ги пренесоа дел од медиумите, со овој договор, Македонија не добива гаранција дека ќе бидеме примени во ЕУ. Едноставно, ако Грција еднаш го погази својот договор со Привремената спогодба и го блокира нашиот прием во НАТО во 2008, со овој договор, веројатно ќе може да го направи истото.