Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од прегледувањето на снимка од надзорната расправа на собраниската Комисија за транспорт и врски од седницата одржана во 2011 година која се гледаше во судница, бизнисменот Фијат Цаноски му се обраќа на тогашниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски од кого бара одговор да каже дека кога бил на средба во неговата канцеларија во 2011 му рекол да ги тргне мобилните телефони на страна и дека го информирал дека иако „Космос” се гради легално, имал наредба од горе да го урне, пренесува Мкд.мк.
„На 18 јули, 2011 кога бев кај вас ми кажавте да ги тргнам мобилните телефони. Ми кажавте дека „Космос” се гради легално, но имате наредба од горе да го урнете. Кажете пред сите пратеници дека тоа ми го рековте”, му вели Цаноски на Трајковски во делот наменет за поставување на прашања.
На ова тогашниот градоначалник му одговара дека со Цаноски имале одлична комуникација и дека не му било јасно зошто инвеститорот градел спротивно на договорот и додава дека нема ни „П” од политика.
На седницата Трајковски додава дека целокупната документација била изготвена од фирмата која си ја одбрал инвеститорот, односно Цаноски.
За оваа надзорната расправа која е дел од доказите за „ТНТ”, тогашниот генерален секретар на Собранието Жарко Денковски забранил директен пренос на Собранискиот канал.
Предметот „ТНТ” е за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.