Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со едукативните активности на терен, со цел информирање на граѓаните како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад.
Во скопските општини Аеродром и Кисела Вода, граѓаните беа едуцирани дека Законот за јавна чистота забранува
градежниот и кабастиот отпад да се одлага на јавните површини или во контејнерите и информирани дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје им овозможува електронската, електричната опрема и застарениот мебел да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.
Со цел превентивно дејствување на прагот од пролетната сезона, Еко-патролата оствари и низа средби со сопственици и вработени во угостителските објекти на Кејот 13-ти Ноември, со коишто беше разговарано за правилното третирање на отпадот од храна и елиминирањето на исцедоците коишто создаваат непријатна миризба околу садовите и можност од зарази.