Еко-активистите протестираа пред Дрисла


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претставниците на неколку еколошки здруженија и други организации денес, со заеднички протест, побараа поголема контрола на „Дрисла“ од страна на надлежните органи.

Смена на правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативита за диоксини, формалдехиди и фурани. Во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор. Да се раскине договорот со италијанската фирма-концесионер „ФЦЛ Амбиенте“, поради неисполнување на договореното за „Дрисла“.

Ова се барањата на еко-активисти од разни организации и иницијативи, кои денеска здружени како Движење за чист воздух одржаа предупредувачки протест пред влезот на депонијата „Дрисла“.