„Екип“ тврди: ПСЖ нема пари за нов договор за Мбапе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пари Сент Жермен има голема желба да му понуди нов договор на Килијан Мбапе, но во моментов нема потребни ресурси за тоа, тврди еминентниот весник „Екип“.

Се погласи се шпекулациите дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Мбапе и дека „кралевите“ се спремни да го соборат светскиот трансфер рекорд за неговиот потпис.

Поради тоа ПСЖ сака што побрзо да му предложи нов договор и да го направи Мбапе најплатен фудбалер на светот, но во моментов нема финансиски ресурси за тоа, тврди „Екип“.

Поради тоа се уште не се започнати преговори за нов договор, иако спортскиот директор Леонардо изјави дека никој не може да си го дозволи Мбапе.

Младиот Французин има договор со ПСЖ до 2022 година.