Екатимерини: МИА по интервенција на Ципрас промени изјава на Зоран Заев


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грчкиот весник екатимерини тврди дека по интервенција на грчката Влада, нашата информативна агенција МИА сменила изјава на Зоран Заев дадена за Македонската телевизија во Вашингтон. На интернет страницата на МРТ стои непроменетата изјава на македонскиот премиер.

Во изјавата за МРТ, по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Вашингтон, Заев вели дека „додавката ‘северна’ нѐ боли сите исто, но нема друга Македонија освен нашата, со тоа ќе биде призната од цел свет и ќе заврши понижувањето со ФИРОМ. Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“.

Првичната изјава на Заев

Ваквата изјава предизвикала реакција во Атина, па грчкиот весник Екатимерини тврди дека била извршена интервенција, па сега изјавата на Заев е: „Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката „северна” прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија“.

Цензурираната верзија