Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој текст е извадок од епохалното дело Атласовите подигнати рамења (Atlas Shrugged) од Ајн Ренд (Ayn Rand), во кој еден од јунаците на неверојатно добар начин ги опишува сите дилеми за парите, дали се тие зло или не, како доаѓаат и за што служат.
„Парите не можат да му купат среќа на човек кој не знае што сака, тие нема да му дадат код на вредности. Ако тој не знае што да цени, парата нема да му обезбеди цел особено ако го избегнувал одговорот што да бара. Парите нема да купат интелегенција за будалата, восхит за страшливецот или почит за неспособниот.“
ФРАНЦИСКОВИОТ ГОВОР ЗА ПАРИТЕ
„Значи вие мислите дека парите се извор на сите зла?“ рече Франциско д`Анкониа. „Дали некогаш си се запрашал што е изворот на парите? Парите се алат за размена, која не може да постои без да постојат произведени добра и луѓе способни да ги произведат. Парата е материјална форма на принципот на луѓе кои сакаат да тргуваат едни со други преку трговската размена, вредност за вредност. Парите не се алат на плачковците, тие кои со плачење тврдат дека им следуваат или на крадците кои ги одземаат со користење на сила. Парата ја создале вредни луѓе кои произведуваат. Ова ли е тоа што го сметаш за зло?
„Кога ќе примите пари како исплата за вашиот труд, вие тоа го правите од убедувањето дека ќе ги размените за производ од туѓ труд. Не се просјаците и крадците кои им даваат вредност на парите. Ниту океан на солзи, ниту сите оружја на светот не можат да претворат парче хартија кое се наоѓа во вашиот паричник во лебот кој ќе ви биде потребен утре за вашиот опстанок. Тие парчиња хартија кои требало да бидат злато се доказ на вашата чест, на вашето право врз производите на луѓето кои произведуваат. Вашиот паричник е исказ на надеж дека некаде во светот околу вас постојат луѓе кои нема да го изневерат моралниот принцип кој е извор на парата. Ова ли го сметате за зло?
„Дали некогаш сте размислиле за потребата на производството? Погледнете го генераторот за струја и осмелете се да кажете дека тоа е производ на мускули и силеџии кои не размислуваат. Обидете се да одгледувате жито без претходното знаење на вредни луѓе кои го откриле тоа знаење пред вас. Обидете се да се стекнете со храна само со физички движења, така единствено ќе научите дека човековиот ум е изворот на сите добра кои се произведуваат и на сето богатсво кое постоело на планетава.
„Но вие велите дека парите ги заработуваат силните на сметка на слабите? На каква сила вие мислите? Силата на оружјето и мускулите не создаваат вредност. Богатството е производ на човековата сила да мисли. Дали парите ги заработува човекот кој измислува мотор на сметка на тие кои не го измислиле? Дали парите се стекнуваат од страна на интелегентните на сметка на глупите? Од способните на сметка на неспособните? Од амбициозните на сметка на мрзливите? Парата се заработува пред да се украде или измоли. Создадена е од трудот на чесниот човек, секој според сопствената способност. Само чесниот човек знае дека не може да потроши повеќе отколку што заработил“.
Да се тргува, при тоа да се користат пари, е начин на размена на луѓе со добра волја. Аксиомата на парите е: Секој човек е сопственик на својот ум и на својот труд. Парите не принудуваат никаква вредност на твојот труд освен доброволниот избор на човекот кој е волен да го тргува резултатот на својот труд со вас. Парите дозволуваат да се стекнете со нив преку вредноста на производот на вашиот труд ама само толку колку што им вреди на луѓето кои го купуваат, не повеќе. Парите не дозволуваат никаков друг договор освен договор за взаемна корист преку неприсилената одлука на тие што се договараат. Парите бараат од вас да признаете дека луѓето работат за сопственото добро, не за сопственото лошо, за своја добивка, не за загуба.
Препознавањето дека луѓето не се товарни животни кои ќе ја носат тежината на вашата мизерија вие ќе сознаете дека треба да им понудите вредност а не рани. Ќе дознаете дека заедничко за сите луѓе е меѓусебната трговија, не за да патат туку за сопствено добро. Парите наложуваат вие да не ги продавате вашите слабости туку вашиот талент и способност, истовремено ви наложува да купувате квалитет а не ѓубре. Кога луѓето живеат преку размена, не преку сила како нивен финален арбитер, знај дека најдобриот производ секогаш победува, најдобрата одлика, човекот со најдобро проценување и највисоки способности. Степенот на човековата продуктивност е степенот на неговата награда. Овој принцип на постоење има симбол, тој симбол е парата. Ова ли го сметаш за извор на зло?
Парите се само алат. Тие можат да ве однесат каде што ќе посакате, но нема да ве замени како возач. Ќе ви даде можност да си ги задоволите своите желби, но нема да ви создаде желби. Парата е проклетство за луѓето кои се обидуваат да го изменат законот на каузалноста, оние луѓе кои се обидуваат да го заменат умот преку грабање на производот на умот.
Парите не можат да му купат среќа на човек кој не знае што сака, тие нема да му дадат код на вредности. Ако тој не знае што да цени, парата нема да му обезбеди цел особено ако го избегнувал одговорот што да бара. Парите нема да купат интелегенција за будалата, восхит за страшливецот или почит за неспособниот. Човек кој ќе се обиде да ги купи умовите на тие подобри од него за да му служат, дозволувајки неговите пари да му го заменат неговото просудување набрзо ќе стане жртва на неспособните. Купените умови набрзо ќе го напуштат, но измамниците и лажговците ќе го обиколат со трчање. Тие се привлечени од законот кој самиот не го знаел: Ниеден човек не смее да биде помал од своите пари! Ова ли е тоа што го сметаш за зло?
Само човек на кому не му е потребно е достоен да наследи богатсво, односно човек кој е способен да создаде свое богатсво каде и да е. Доколку наследникот е еднаков на неговите пари тие ќе му служат, доколку не е, тие ќе го уништат. Но вие го посматрате и плачете за него и велите дека парите го расипаа. Дали? Дали тој не ги расипа своите пари? Не му завидувајте на неполезен наследник, неговото богатство не е ваше, ниту ќе направевте нешто подобро со нив. Немојте да мислите дека ќе било подобро доколку тоа богатство се поделеше меѓу вас, товарејки го светот со 50 паразити наместо со еден нема да ја врати мртвата вредност која беше богатсвото. Парата е жива моќ која умира без својот корен. Парите нема да му служат на умот кој не е способен да им парира. Ова ли е тоа што го сметаш за зло?
Парите се средство кое е неопходно за вашиот опстанок. Пресудата која ќе ја изречете врз изворот на вашето постоење е пресуда изречена на вашиот живот. Доколку изворот е расипан тогаш вашиот опстанок сте го проколнале. Дали сте ги стекнале вашите пари преку измама? Преку лигавење кај луѓе со пороци или трпевте будали? Дали им служевте на будалите во надеж дека ќе добиете повеќе отколку заслужувате? Можеби сте си ги намалиле стандардите? Да не извршувавте работа која ја мразевте за луѓе кои ви биле одвратни? Доколку е така вашите пари нема да ви донесат ниту минута задоволство. Во овој случај се што ќе купите со тие пари би биле потсетник на срамот ваш. Тогаш вие ќе извикувате ПАРИТЕ СЕ ЗЛО. Зло бидејки тие нема да ви купат самопочит? Зло бидејки не ви дозволуваат да ја уживате вашата изопаченост? Ова ли е коренот на вашата омраза кон парите?
Да не мислевте дека лубовта кон парите е изворот на злото? За да сакаш нешто треба да ја познаваш и сакаш неговата природа. Кога навистина се сака парата тогаш се признава и се љуби фактот дека парите се креација од најдобрата моќ која е во тебе и твојата желба да тргуваш со твојот труд меѓу најдобрите. Најгласно ја изразува својата омраза кон парите лице кое би си ја продал душата за денар, тој има причина за да ја мрази. Тие што искрено ги љубат парите се волни да ги заработат. Исто така, знаат дека се способни да ги заслужат.
Дозволи ми да ти дадам совет еден совет за карактерот на луѓето: човек кој ја проколнува парата ја има стекнато на нечесен начин, тој што ја почитува ја има заработено.
Бегај за да си го спасиш животот кога ќе сретнеш човек кој вели дека парите се зло. Оваа фраза е ѕвоно кое кажува дека крадец се приближува. Се додека на планетава живеат луѓе и има потреба тие луѓе да тргуваат меѓусебно, доколку ги напуштат парите како алат за таа дејност единствена алтернатива е цевката на оружјето.
Парата од вас ги бара највисоките вредности за да ја заработите или зачувате. Луѓе кои немаат храброст, гордост или самодоверба, луѓе кои не поседуваат морални критериуми на правото на поседување на пари и кои немаат волја да ги одбранат, луѓе кои се извинуваат што се богати, многу брзо ќе осиромашат. Ваквите луѓе се природен мамец за јатата крадци кои се кријат под камења и излегуваат само кога ќе намирисаат човек кој моли за прошка затоа што е богат. Тие, таквите многу брзо ќе му помогнат да се ослободи од вината и од неговиот живот, како што и заслужува.
Тогаш ќе го забележи раѓањето на луѓе со двоен стандард. Луѓе кои живеат преку користењето на присилата, а сепак сметаат на тие кои живеат од размената за да ја создадат вредноста на нивните украдени пари. Овие луѓе се автостопери на вредноста. Во морално општество овие луѓе се криминалци, законите се напишани за да ве заштитат од нив. Кога општеството ќе создаде криминалци со права и крадци по закон, тоа се луѓе кои крадат невооружени луѓе откако ќе донесат закон забранувајки го поседувањето на оружје. Нивниот плен бргу станува силен магнет за други крадци, кои им го одземаат пленот на ист начин на кој самите го добиле. Тогаш трката не е помеѓу најспособните во производство туку помеѓу најсуровите во својата бруталност. Кога силата е стандардот убиецот секогаш го победува џепџијата и потоа општеството исчезнува во уништувања и убиства.
Дали сакаш да знаеш кога тој ден ќе дојде? Следи ги парите. Парите се барометар на вредностите на едно општество. Кога ќе забележиш дека трговијата не се спроведува преку договор туку преку принуда. Кога ќе забележиш дека ви е потребна дозвола за да произведуватe од луѓе кои не произведуваат. Кога ќе забележите дека парите се влеваат, не кај производителите туку кај тие што делат привилегии и услуги. Кога ќе забележите дека луѓе се збогатуваат преку корупција и манипулации наместо преку работа. Доколку вашите закони не ве штитат од такви луѓе туку ги штитат нив од вас, кога корупцијата е наградена, а чесноста станува саможртвување можете слободно да заклучите дека тој ден дојде и вашето општество е осудено на пропаст. Парата е толку благородна што не може да се натпреварува со оружјето и не преговара со суровоста. Паратa нема да дозволи една држава да опстане како половина сопственост, половина плен.
Кога ќе се појават уништувачи меѓу луѓето, тие прво ја уништуваат парата. Парата е заштитата на луѓето и основата на нивната морална егзистенција. Уништувачите го грабаат златото, а оставаат зад нив безвредни купишта хартија. Ваквиот настан ги убива објективните стандарди и ги поставува луѓето под произволна моќ на произволни поставувачи на вредности. Златото беше објективна вредност еквивалент на произведеното богатство. Хартијата е хипотека на богатство кое не постои, кое е поддржано од оружје кое е вперено во луѓе на кои се очекува да го произведат тоа богатство. Хартијата е чек кој е даден од озаконети крадци и е базирана врз вредноста на жртвите. Внимавај на денот кога ќе се влезе во црвено.
Кога ќе создадеш услови злото да биде средство за опстанок не очекувај луѓето да останат добри. Не очекувај тие да останат морални и да си го изгубат животот како топовско месо на неморалните. Не очекувај од нив да произведуваат, особено кога производството е казнето, а крадењето е наградувано. Не прашувај: Кој го уништува светот? Вие сте тој.
Вие стоите среде најголемите успеси на најпродуктивната цивилизација и се прашувате зошто таа се распаѓа додека вие ја проколнувате нејзината животна сила, парата. Ја гледате парата исто како дивјаците пред вас и се чудите зошто се враќа џунглата. Низ човековата историја богатството секогаш било грабнувано од крадци од еден или друг вид само имињата се сменети но методот остана ист: Да се приграби богатство со користење на сила, истовремено да се држат производителите врзани, обесправени, омаловажени и без чест. Таа фраза: „парата е извор на зло“ која ја изустуваш со големо невнимание поттекнува од времето кога робови беа тие кои го создаваа богатството. Се додека производството беше контролирано со сила и богатството се стекнуваше со освојувања, немаше напредок бидејки немаше многу што да се освојува. Сепак низ вековите на стагнација и глад луѓето ги возвишуваа крадците како аристократи на сабјата, како аристократи од раѓање, како аристократи на писарството, а ги мразеа производителите како робовите, трговците, продавачите, индустријалците.
Се додека не откриете дека парата е извор на се што е добро вие сами си го барате своето уништување. Кога парата ќе престане да биде алат со што луѓето се служат за да тргуваат едни со други тогаш човекот станува алат на луѓето. Крв, камшик и оружје или пари, изберeте бидејки друг избор немате а времето истекува.