ЕХО патува: Фестивалот на планински филмови „Ехо“ денес во Прилеп


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како и минатата година, така и оваа, со селекција од својата програма, Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија.

Започнуваме со Прилеп!
Во соработка со Општина Прилеп, на 17ти февруари (Среда), со почеток во 18 часот во киното „Мис Стон“ во Центар за култура „Марко Цепенков“, ќе бидат прикажани следните филмови:

18:00 МАЛИТЕ НЕШТА – САД, 2014, Дарси Турен, 47’

18:47 ПРВА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА – Македонија, 2015, Горан Вучиќ/Кирил Шентевски, 38’

19:25 ОПЕРАЦИЈА МОФАТ – Англија, 2015, Џен Рендал/Клер Џејн Картер, 24’

ПАУЗА

20:05 Аматерско видео од Конкурс за Најдобро аматерско видео

20:10 СЛОБОДА НА 2 ТРКАЛА – Македонија, 2015, Игор Д. Јовановски, 18’

20:28 МЕТАНОЈА – САД, 2014, Џим Ајкман, 80’ (добитникот на главната награда на ЕХО фестивалот 2015’та)