Home Спорт ЕХФ му даде дозвола на Карабатиќ да игра со позитивен тест за Ковид-19 – еве како ја објасни таа одлука

ЕХФ му даде дозвола на Карабатиќ да игра со позитивен тест за Ковид-19 – еве како ја објасни таа одлука

Еден од најдобрите ракометари во светот Никола Карабатиќ имал позитивен тест после мечот помеѓу Франција и Холандија, но и покрај тоа ЕХФ му дозволила да игра против Исланд.

По пишувањата на медиумите оваа информација ја потврдија и од ЕХФ и ја објаснија својата одлука.

„Точно е дека Никола Карабатиќ доби позитивен тест по мечот со Холандија. Нашите медицински експерти ја прегледаа неговата медицинска историја затоа што и претходно беше заразен со ковид. Доби дозвола за игра затоа што имаше висок процент на антитела и не претставуваше закана за околината“, гласи објаснувањето на ЕХФ.

Крабатиќ беше позитивен на 22-декември и поради тоа пропушти дел од подготовките. Во следните натпревари ќе добива дозвола и со позитивен тест, нема да може да настапи само ако нивото на неговите антитела драстично се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…