Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ЕХФ како и во претходните неколку сезони пред почетокот на Лигата на шампионите ги објави првите 10 фаворити за европскиот трон кој го брани Вардар, пишува Спортски.мк.
Минатата година ЕХФ не го сместуваше Вардар во топ 10, но оваа година и луѓето во ЕХФ знаат дека Вардар никогаш не смее да се отпише, па си ја поправија минатогодишната грешка.
Експертите на ЕХФ кој направија утка минатата година сега го сместуваат Вардар на седмата позиција.
„Вообичаено бранителот на тронот е рангиран на местото број еден. Но Вардар изгуби важни играчи како што се: Милосаваљев, Карачиќ, Рожерио Мораес и Калараш. Меѓутоа не ги отпишувајте овие момци. Минатата година никој не им даваше шанса пред почетокот на сезоната, а тие покажаа дека можат. Ќе биде тешко за тимот од Скопје, после првите кола би требало работите да бидат појасни“, стои во описот од ЕХФ за Вардар.
Човекот на ЕХФ кој ја правел анализата очигледно не се информирал дека Глеб Калараш се врати во Вардар.
Комплетната топ 10 листа изгледа вака:
1.Веспрем
2. Барселона
3. ПСЖ
4. Кил
5. Киелце
6. Пик Сегед
7. ВАРДАР
8. Фленсбург
9. Монпеље
10. Мешков Брест