Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот над Црна Гора дел од македонските ракометари добија казни од ЕХФ поради несоодветна опрема.
Ракометната федерација на Македонија ќе мора да плати казна од 2.000 евра поради несоодветна опрема на ракометарите.
Точната причина е што македонските ракометари носеле различни чорапи и за тесните гаќички под шорцевите бидејќи не биле во иста боја. Такви имаа Манасков, Стоилов, Јоноски, Кузмановски, браќата Лазарови, Талески.
Ова не е прв пат Македонија да биде санкционирана за вакви работи, пред две години во Краков исто добивме парична казна поради различни чорапи.