Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полицијата и брзата помош не можеле да влезат во црква бидејќи девојка како „луд куршум“ летала на сите страни, се качувала на мебел и ја удирала со шамари мајка си која дошла со неа во црквата, пишуваат италијанските медиуми.
Деформирано лице, многу длабок глас, метални предмети или храна што човекот никогаш не ја јадел реченици што ги изговара на архаични јазици кои не ги познава со исклучително физичка сила и бурни реакции за време на молитвата и светата вода, тоа се симптоми на опседнување со ѓавол.Дури половина милион Италијанци бараат помош од официјални и неофицијални егзорцисти.
Секоја година 500.000 Италијанци бараат помош од егзорцисти, тоа е резултат на истражување на дневниот весник La Stampa.
Овој метод, иако би помислиле дека припаѓа на средниот век, постои и денес, а еден од случаите кои одекнале во јавноста пред неколку дена е оној за кој што за протерувањето ѓавол од 28-годишна девојка во Виченца биле потребни повеќе од девет часа.
Имено, во црквата на Мадона во Монте Берико, 28-годишна девојка од Виченца се трансформирала за време на својата исповед минатата недела, извикувајќи неразбирливи реченици, со глас кој не и припаѓал на странски јазици, вклучително и латински, раскажале исплашените сведоци кои избегале од црквите.
Полицијата и брзата помош не можеле да влезат во црквата бидејќи девојката била како „луд куршум“ кој летал на сите страни, се качувала на мебелот и ја удирала мајка си, која дошла со неа во црква. Откако свештениците ја блокирале и го повикале егзорцистот на црквата, добиле потврда дека девојката е опседната.
Егзорцизмот траел од 11 до 20.30 часот во присуство на четворица свештеници кои помагале. Таткото и братот биле убедени дека се работи за психијатриски случај, додека мајката била единствената која сметала дека е потребно да се обрати кај свештениците.
„Овој пат тоа беше вистински случај на опседнатост. По речиси девет часа девојката конечно падна исцрпена на подот. Ова беше тежок случај”, изјавил отец Карло Росато за италијанските медиуми.
Не е познато дали девојката била целосно ослободена, бидејќи понекогаш егзорцизмот, според свештеникот, може да трае со години во смисла дека молитвите за ослободување мора да се повторуваат долго време.
Свештеникот од Виченца, дон Алесио Гарзани изјавил дека е многу важно да се проучи случајот за да се види дали лицето има психијатриска дијагноза што може да го објасни нејзиното однесување.
Важно е да се разговара со семејството и со лекарите бидејќи е многу важно свештениците кои не биле назначени од бискупот да не се занимаваат со оваа практика, бидејќи секој не може да се нарече егзорцист.
Отецот Амот, кој починал во 2016 година, најголемиот италијански егзорцист, во своите документи напишал дека и покрај стотиците барања дневно, само во ретки случаи навистина се сретнал со луѓето во кои влегувал ѓаволот.
„Се обидоа да не убедат дека ѓаволот е митска личност, идеја за злото, но тој постои и ние мора да се бориме против него“, рече папата Франциско, со кого се согласуваат повеќето претставници на Католичката црква.
Егзорцизмот е техника заснована на демонологија која се занимава со верувања и митови поврзани со духови, демони, ѓаволи кои можат да го совладаат и опседнат човекот.