Актуелно

Егзодус на осигурителните компании од Британија – први „жртви“ на Брегзит

Осигурителниот бизнис е првата капитална економска „жртва“ на Брегзит во рамки на британската финансиска индустрија, откако осигурителните компании го направија првиот економски егзодус од Островот.

Како што наведува “Bloomberg”, осигурителните куќи со премија од 61 милијарда фунти го преселиле работењето од Лондон во други градови од Европската унија.

Притоа, нивното селење се случило независно од тоа дали ќе има или не договор меѓу Обединетото кралство и ЕУ и односите по разделбата.

Егзодусот е последица од одлуката на европскиот осигурителни регулатори според која сите британски осигурувачи ќе мора полисите на европските клиенти да ги преселат на континентот.

Осигурувачите тие имоти ги преселиле најмногу во Белгија, Луксембург и Ирска.

Меѓутоа, извештајот за финансиската стабилност на Банката на Англија открива дека околу пет милијарди фунти премии и натаму ќе се наоѓаат на британско подрачје во моментот на Брегзит на 31-ви октомври.

На пример, најголемата осигурителна куќа Lloyd’s of London, најавила дека сите полиси на европските клиенти ќе може да се преселат до крајот на октомври идната година.

Портпаролката на “Lloyd’s” објаснила дека европските членки вовеле мерки кои осигуруваат 90 проценти од полисите да бидат наплатени во случај на Брегзит без договор.

Долгорочното влијание на селењето на полисите ќе биде праткично и симболично. Но, во секој случај, негативно ќе се одрази на статусот на Лондон, кој и натаму држи 10 проценти од светскиот осигурителен и реосигурителен пазар.

Advertisements
To Top