Егзодус на македонски лекари, војници и полицајци доброволно си одат од работните места


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Егзодусот на вработените во секторите за здравство, одбрана и внатрешни работи од Македонија е евидентен и загрижувачки. Експертите велат дека поради ниските плати, стотици лекари, војници и полицајци одлучиле да се откажат и да се иселат во западните земји.

Ова се гледа и од податоците на Министерството за администрација според кои во текот на 2018 година од државните институции и од јавниот сектор, стотици вработени доброволно го прекинале работниот однос, пренесува Алсат-М.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

ВО ТЕКОТ НА 2018 ГОДИНА ОД ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ:

524 вработени поднеле неотповикливи оставки

44 привремено го „паузираат“ работното место

ВО ТЕКОТ НА 2019 ГОДИНА ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР:

162 вработени поднеле неотповикливи оставки

Тројца привремено го „паузираат“ работното место

Министерот за администрација Дамјан Манчевски вели дека причината зошто квалификуваните работници бегаат од јавниот сектор, освен подобрите понуди во приватниот сектор, е и иселувањето надвор од земјата. Тој вели дека заедно со министерствата за финансии и за социјална заштита, се обидуваат барем на дефицитарните кадри да им ги покачат платите, за спречување на иселувањето. Според податоците кои успеа да ги обезбеди Алсат, најмногу се напуштаат управите со низок буџет, но има и вработени во армијата и во полицијата.

Во текот на минатата година, од Армијата се откажале 100 лица, додека, во текот на првиот квартал од оваа година од АРМ доброволно заминале 25 припадници.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

ВО ТЕКОТ НА 2018 ГОДИНА ОД АРМ ДАДОА ОТКАЗ:

Осум офицери

18 подофицери

73 професионални војници

Еден од цивилен персонал

ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА, ОД АРМ ДАДОА ОТКАЗ:

Пет подофицери

20 професионални војници

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути, вели дека за да се запре овој тренд, од септември се планира зголемување на платите за 5 насто. Според него, и испраќањето во мировни мисии е мотив војниците кои претходно не биле на Блискиот Исток, да добијат 20.000 евра за шестмесечна служба.

Ако ги погледнеме статистиките во последниве години, се разбира дека 2018 година во однос на доброволните откази, покрај другите откази, е малку повисока. Ова може да се каже дека е резултат на тренд кај младите“- изјави Беким Максути, заменик министер за Одбрана.

Од Министерството за внатрешни работи известија дека во текот на минатата година, по барање на вработените отказ дале вкупно 58 полицајци. Додека, во текот на првиот квартал од годинава, од работата доброволно заминале 14 вработени во ова министерство. Според податоците на МВР, од независноста на Македонија до денес, повеќе од 30.000 граѓани се откажале од државјанство, поради стекнување на странско државјанство.