Египет слави: Салах се врати на тренинзите (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одлични вести пристигнаа од камптон на египетската репрезентација – Мохамед Салах го одработи цел тренинг со останатите репрезентативци.

Тоа значи дека Салах е целосно рехабилитиран од повредата и најверојатно ќе биде подготвен уште за првиот натпревар на Светското првенство.

После повредата на рамото за време на финалето од ЛШ, целиот свет беше загрижен дали Салах ќе успее да се опорави за Мундијалот.

Најавите се дека тој сигурно ќе игра во првото коло, а неговата насмевка на тренингот го потврдува тоа.